Бизарен тренд во Кина: Нарачки за стриптиз на погреб

Кинеските власти повторно тргнаа во акција против бизарниот обичај да се изведува стриптиз на погреби. Службите тврдат дека овој обичај го нарушува општествениот морал, што претставува огромен проблем, особено во руралните средини.

Бурлескното шоу што го изведуваат професионални стриптизети се нарачува од страна на ожалостеното семејство за да покаже колку е богато. Овој обичај почна сѐ почесто да се практикува во изминатите години.

Во изминатиов месец службите се фокусираат посебно на „стриптиз и други недолични порнографски претстави“ што се изведуваат на погреби, венчавки и други традиционални јавни собири, соопшти кинеското Министерство за култура.

Властите во два наврати, во 2006 и во 2015 година неуспешно се обидоа да стават крај на овој бизарен тренд. Вториот пат акцијата се прошири на 19 градови во четири кинески провинции.

Новата кампања апелира луѓето да се јават на специјалната „жешка линија“ ако забележат недолично однесување на погреб и да ги пријават нарачателите, за што ќе следи „парична награда“.

Властите посебно имаат ставено фокус на танчарската група „Црвена ружа“ што се истакнува со своите бурлескни настапи, особено со еден од 2015 година кога на погреб во провинцијата Хебеи танчарките го завршија традиционалниот кинески танц со не така традиционално соблекување на облеката.

Шефицата на оваа група позната како Ли помина 15 дена во притвор, а мораше да плати и парична казна од 70.000 јуани (11.300 долари).

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе