Хроника

Бизарна несреќа: Скопјанец прегазен од неговиот камион

17. април 2019 - 10:31 | МИА

На 16.04.2019 година во 14.50 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа.

Во бизарниот инцидент што се случил на крстосница меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“, Љ.А.(52) од с.Д.Лисиче, скопско, бил прегазен од товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што претходно тој го управувал, по што починал на местото.

Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата.

Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А..

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај