Бизарни правила: Градови во кои е забрането да се умре

Токио, 10 август 2018 (МИА) - Можеби мислите дека законите на логиката и физиката не можат да се менуваат, но постојат неколку места каде што ниту по едниот ниту по другиот закон не е дозволено да се умре. Ако некогаш се одлучите да ги посетите, треба да знаете дека здравственото осигурување нема да ви биде потребно.

Ицокошима, Јапонија

Јапонскиот остров, познат како Мијаџима, се смета за свето место кое е дом на многу антички храмови. За да се задржи чистотата на ова место, раѓањето и смртта тука се забранети од крајот на 19. век, па локалните жители пред да умрат ги носат на блискиот остров. На Ицокошима и натаму не постојат ниту гробишта, ниту болници.

Ланхарон, Шпанија

Градоначалникот на Ланхарон во југоисточна Шпанија уште во 1999 година го забрани умирањето. Наводно гробиштата биле претрупани, па властите ги советувале четири илјадите граѓани да останат живи се додека надлежните не купат нова земја за гробишта. Градоначалникот дури и ги советува луѓето „максимално да се грижат за своето здравје се додека не се пронајде адекватно место за нови гробишта“. Не е познато колку долго тоа траело.

Сарпуренк, Франција

Градоначалникот на француското село Сарпуренк уште во 2008 година „им забаранил“ на жителите да умрат, освен ако немаат закупено гробно место. Дури им се заканил и со казни. Како што вели на радикалниот потег се одлучил откако му било забрането да ги прошири гробиштата. Дали некој го прекршил законот, а особено како е казнет, исто така не е познато до денес.

Лонгирбиен, Норвешка

Најсеверниот град на светот се наоѓа на архипелагот Свалбард, а слојот на непрекинато смрзнато тло и константно ниските температури спречуваат телото да се разгради. Со цел да спречат ширење на болести, властите одлучиле да го забранат умирањето од 1950 година. Тие кои се на смрт летаат со авиони до копно, каде подоцна „имаат дозвола“ да умрат.

Селја, Италија

Во 2015 година надлежните им забраниле на жителите не само да умрат туку воопшто да не се разболат во обид да го спречат опаѓањето и стареењето на популацијата. Давид Зикјанела, градоначалник на местото потпишал декрет со кој им се наредува на жителите своето здравје да го стават на прво место. Градот во 1960 година имал 1.300 жители, а до 2015 година останале само 537, од кои 60 отсто се постари од 65 години.

Биритиба Мирин, Бразил

Гратчето Биритиба Мирин, 90 километри источно од Сао Паоло, во  2005 година властите забраниле умирање поради тоа што гробиштата го достигнале максимланиот капацитет од 50.000 лица. Истиот случај се случил и во Конјак во Франција, каде властите не одобриле проширување на гробните места, па и овде градоначалникот забранил умирање.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе