Бизарниот одговор на Трамп до нобеловката Надја Мурад

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања упатени до добитничката на Нобелова награда за мир, Надја Мурад.

Мурад е активистика од Ирак, припадничка на народот Јазиди. Додека разговараше со Трамп, таа му кажа дека нејзината мајка и шесте браќа се мртви. А, тој ја праша: „Каде се сега тие?“

Таа му објасни дека се убиени и се закопани во масовна гробница во Синџар и го замоли Трамп да помогне во преговорите меѓу курдските власти и ирачките власти за областа во која живее нејзиниот народ, да биде безбедна за живеење.

Снимката од овој разговор страна вирална. Надја Мурад е жена која беше сексуална робинка заробена од Исламска држава. Терористите ја мачеле и силувале, но по бегството таа успеа да стане симбол на слободата.

Во обраќањето до Трамп таа му рече дека иако Исламска држава не се веќе во Ирак, крудските и ирачките власти војуваат околу контролата над областа каде живее нејзиниот народ и го повика да интервенира.

„Но ИСИС си отидоа“, кратко вели Трамп.

Мурад му објасни дека ИСИС ги убиле нејзините мајка и шест браќа.

Трамп на тоа ја прашува: „Каде се сега тие?“ Мурад му одговара: „Ги убија. Се наоѓаат во масовните гробници во Синџар.“

Но, Трамп не застана тука со бизарни прашања. Ја праша зошто добила Нобелова награда

„Бидејќи по сè што ми се случи не се откажав. Се погрижив сите да ја дознаат вистината дека ИСИС силуваа илјадници жени Јазиди. Тоа беше прв пат жена од Ирак да излезе и да проговори за тоа што се случило“.

Трамп на тоа одговори: „Навистина? Тоа беше прв пат?“

„Тоа беше за првпат“.

„Значи ти си побегнала?

Таа одговори: „Да, но сè уште ја немам мојата слободна бидејќи никој од ИСИС нема излезено пред суд“, вели Мурад.

 

 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе