Филм & ТВ

Бизарно интервју со Џим Кери на Модната недела во Њујорк (Видео)

11. септември 2017 - 18:49 | А.С.

Актерот Џим Кери се појави на црвениот тепих за настанот Icons Party на „Harper’s Bazaar“ и потполно ја збуни модната новинарка на E!News која се трудеше да го води разговорот во позитивна насока.

Кери вртеше кругови околу новинарката додека одговараше на класичните прашања што се поставуваат на црвениот тепих, а одговорите ја збунија и неа и јавноста: Кери го претвори интервјуто во тажна, егзистенцијална исповед.

„Сево ова нема смисла“, рече Кери и продолжи дека дошол тука зошто мислел кое е најбесмисленото место каде може да се појави.

„Мораш да признаеш дека е потполно бесмислено“, ѝ вели тој на новинарката.

На нејзиното прашање зошто се дотерал ако не смета дека настанот е важен, тој ѝ одговори: „Не се дотерав. Нема ‘јас’. Ова не е наш свет. Не сме битни“.

Кери со години отворено зборува за неговата борба со депресијата, но начинот на кој настапи на настанот отвора сосема поинакви прашања.

Додека едни се на страната на дебатата дека Кери се однесувал бизарно, па дури и навредливо кон новинарката и настанот на кој им се оддаваше почит на модните икони, други спорат дека однесувањето на актерот е сосема природно, искрено, па дури и освежувачки, и дека тој само израил став со кој не мора да се согласи мнозинството.

Коментирај