Бизнис на интернет: Онлајн простор за вашата компанија

Многумина ќе речат „локацијата е најважна за успехот на еден бизнис“, но во модерниот свет, најдобрата локација е интернет. Последните години интернет од алатка за помош на претприемачите прерасна во неопходна платформа на која можат да се базираат бизнисите, како и нивните работни процеси.

Денес, отворањето на вратите на вашата компанија кон светот е полесно отколку кога било претходно, виртуелниот простор дозволува неограничен раст на пазарот, а „наемнината“ за виртуелните деловни канцеларии е значително пониска од онаа на најпрометните улици во градовите. Придобивките што ги нуди интернетот можат да направат едно претпријатие навистина да оствари предност во однос на конкуренцијата, посебно ако го одбере вистинското решение.

Да почнеме од просторот што секоја компанија треба да го поседува на интернет – персоналната веб-страница. Креирањето на веб-страниците стана толку едноставно, што сега можете да го направите самите од дома, без стручна помош. Но, најпрво мора да обезбедите простор за активирање на сопствена веб-страница. Еден од наједноставните начини да го направите тоа е преку услугата веб хостинг на Македонски Телеком, која не само што овозможува регистрација на mk домејн (пр. www. mojatakompanija.mk) , туку и десет персонализирани е-сандачиња на носечкиот домејн (пр. info @mojatakompanija.mk), заеднички сервер (Shared Web Hosting) и 24/7 техничка поддршка од тимот на Телеком.

Брзата комуникација и поедноставувањето на процесите во работата се исклучително важни во модерното време. Колку помалку време и напор се вложува во одредени обврски – толку повеќе време останува за да се унапредат останатите аспекти од бизнисите. Услугите како Pantheon Cloud не само што ги намалуваат трошоците на работа, туку  ги опфаќаат сите деловни процеси: од нарачки и фактурирање, сметководство и плати, па сè до управување со производство и деловна аналитика. Од мали бизниси, до најголеми компании и јавни институции – е-сметководството е решение кое претставува еден од најбрзорастечките трендови во претприемачкото работење, а преку 50.000 корисници од регионот веќе го имаат имплементирано во секојдневните процеси.

Користењето на придобивките од интернет не е наменето само за купувачите заинтересирани за вашата компанијата, туку и за претприемачите, нивните вработени и бизнис-партнерите. Сите страни поврзани со бизнисот имаат корист од унапредувањето на техниките на работењето, а ниту една од нив не е поефективна од поставувањето на онлајн темелите на компанијата.

*Промотивен текст

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе