„Black Panther“ доби нов трејлер
Новиот филм на Marvel денеска доби нов трејлер. Приказната за „Black Panther“, кралот на Ваканда, доаѓа во кината наредната година.
Во главните улоги во филмот се појавуваат Чедвик Босман, Енди Серкис, Мајкл Б. Џордан, Форест Витакер и многу други.
Ова е првиот црн суперхерој за кој студиото Marvel прави филм, и се очекува да биде голем хит кај фановите.