Филм & ТВ

„Black Panther“ очекува да добие многу, многу Оскари

12. септември 2018 - 13:04 | К.З.

Додека Академијата се обидува да одлучи што ќе прави со новата категорија за Оскар за Популарен филм, Marvel и „Black Panther“ се во подготовки за добивање на многу номинации и Оскари на претстојната церемонија која треба да се одржи на почетокот на наредната година.

„Black Panther“ често се споменува како причината поради која Академијата ја одобри новата категорија за Оскар за Популарен филм, поради културолошкото влијание и интересот кој го предизвика кај публиката.

Но, бидејќи таа Оскар статуетка нема да биде доделена оваа година, Marvel и екипата која работеше на „Black Panther“ е подготвена да се натпреварува во еден куп категории на претстојното доделување на наградите од Академијата. Тие испратија цела листа од категории каде очекуваат да биде впишано името на нивниот филмот помеѓу номинираните.

Нема сомнеж дека „Black Panther“ е главен конкурент за Оскарот за Најдобра костимографија, но Marvel бара тој да биде вклучен и во номинациите за Најдобар филм, Најдобар режисер (Рајан Куглер), Најдобра машка главна улога (Чедвик Босман), Најдобра машка споредна улога (Мајкл Б. Џордан, Мартин Фриман, Даниел Калуја, Енди Серкис), Најдобра женска главна улога (Лупита Нјонго, Данаи Гурира, Летиша Рајт, Анџела Басет), Најдобра кинематографија (Рејчел Морисон) и Најдобра музичка нумера („All the Stars“ – Кендрик Ламар и SZA).

Листата е долга и опфаќа скоро половина од категориите во главната вечер, но важно е дека Marvel дава до знаење дека нема да дозволи жирито да заборави на „Black Panther“, иако филмот ќе биде стар скоро цела година во моментот на одржување на церемонијата за доделување на Оскари.

Коментирај