Токио, 11 септември 2019 (МИА) – Благајник од Токио користејќи го своето „фотографско паметење“, успеал да запомни податоци од кредитни картички на 1.300 купувачи, со цел да краде од нивните пари.
Засега неидентификуваниот маж, работел скратено работно време во шопинг-центар. Бил фатен минатата седмица, откако со туѓа картичка преку интернет купил чанта вредна 2.600 долари, јави CNN.
Човекот е вo притвор и не се знае дали има ангажирано адвокат.