КОПА ИТАЛИЈА 2020/21

Бламажа на Рома во купот: 2 црвени и елиминација од Специја

Губеа со два гола, па израмнија и се изборија за продолженија каде за неполна минута добија два црвени картони и потоа загубија со 4:2.

Рома синоќа им приреди кошмарна вечер на своите навивачи. Она што требаше да биде сигурна победа и пласман во четвртфиналето од Копа Италија се претвори во рана и срамна елиминација.

„Волчицата“ на „Олимпико“ ја пречека Специја и беше апсолутен фаворит. Но, сѐ тргна наопаку уште по сaмо шест минути игра кога Рикардо Сапонара беше во пробив, Мараш Кумбула и Брајан Кристанте го ставија во сендвич и го соборија за удар од белата точка за Специја. Бугаринот Андреј Галабинов беше сигурен реализатор за рано водство.

Веќе во 15. минута нов шок за Рома. Галабинов асистира до Сапонара, а овој со одличен удар по втор пат го натера Пау Лопес да ја вади топката од мрежата.

На четири минути пред паузата Рома се врати во игра. Ардиан Исмајли го собори Лоренцо Пелегрини во казнениот простор, а истиот играч реализираше од пенал за 1:2.

Во 67. минута Борха Мајорал промаши неверојатна шанса за 2:2 кога од пет метри успеа да го префрли голот, но израмнувањето сепак дојде шест минути подоцна кога Хенрих Мхитарјан погоди во гостинската мрежа.

Немаше други голови до крајот, па натпреварот замина во продолженија. Само што почнаа продолженијата, во 92. минута Џанлука Манчини заработи втор жолт картон и ја остави „Волчицата“ со играч помалку. Но, во тек беше истата минута кога голманот Лопес излезе да интервенира надвор од шестнаесетникот и го покоси нововлезениот тинејџер Роберто Пиколи по што доби директен црвен.

Со 9 играчи Рома не можеше да парира, па со головите на Даниеле Верде во 107. и на Сапонара во 119-тата минута Специја победи со 2:4.

Во четвртфиналето Специја ќе игра против бранителот на пехарот, тимот на Наполи. Останатите двојки се Интер - Милан, Јувентус - СПАЛ, додека Аталанта го чека подобриот од утрешниот дуел на Лацио и Парма.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе