Чек дис аут

Близначки омажени за близнаци планираат да бидат бремени во исто време

25. март 2019 - 16:34 | А.С.

Две идентични близначки кои се омажени за исто така идентични близнаци сега планираат да живеат заедно и да имаат синхронизирани бремености.

Кога Џош и Џереми Салиерс (35) ги запознале Британи и Бријана Диен (33), рекле дека им се случува „двојна бајка“, а сега се надеваат дека заедно и ќе го прошират семејството.

Двојките се запознале на фестивал за близнаци во Охајо во 2017 година и велат дека тоа било љубов на прв поглед.

Заљубените двојки тврдат дека почувствувале „инстант поврзаност“ и по некое време забавување, Бријана се омажила за Џереми, а Британи за Џош.

„Сакаме да имаме близнаци и да се родат на истиот датум. Знам дека тоа се четири бебиња одеднаш“, велат Бријана и Џереми.

„Заедно ќе се грижиме за нашите семејства и сите се согласуваме околу тоа.“

Двете сестри работат во истата правна фирма и велат дека не би можеле да поднесат да бидат бремени во различно време бидејќи прават сѐ заедно. Двете „за прв пат се почувствувале осамени“ кога отишле да студираат на различни факултети.

Нивните родители ги поддржуваат во нивните одлуки, но мајката на близначките е малку загрижена во врска со синхронизираните бремености и одгледувањето на децата.

„Каков ќе биде нивниот живот? Дали тие деца ќе имаат двајца или четворица родители?“, вели Дебра Диен.

„Како ќе ги воспитуваат? Како ќе ги дисциплинираат. Како ќе распознаваат кои им се мајка и татко, а кои тетка и тетин, односно чичко и стрина?“, додава таа.

Џереми и Џош велат дека тоа е нивна одлука и дека го сакаат тоа.

„Ако за другите е необично, за нас не е. Ова се наши животи и она што ние го сакаме.“

Коментирај