Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Тајлер и Џек Флечер се браќа близнаци за кои допрва треба да слушнеме во фудбалскиот свет, а интересно е што синовите на легендата на Манчестер Јунајтед играат за две различни репрезентации.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер, кој речиси 14 години играше за клубот од „Олд Трафорд“, во 2007 година ги доби синовите Џек и Тајлер, близнаци кои се истакнуваат во младинските категории.

Двајца фудбалери пораснаа и сега тропаат на вратата на сениорскиот фудбал. И двајцата играат за младинскиот тим на Манчестер Јунајтед и прашање на време е кога ќе заиграат за сениорскиот тим.

Но, она што е интересно во оваа приказна е што двајцата фудбалери играат за различни репрезентации, а и двајцата се капитени.

Дарен Флечер е Шкотланѓанец и играше за репрезентацијата на неговата земја, но неговите синови имаат различни ставови.

Тајлер Флечер одлучи да игра за Шкотска, додека Џек Флечер се предомисли и го замени дресот на Шкотска за Англија.

Браќата близнаци пред само неколку дена ги одиграа своите натпревари за различни репрезентации и како капитени ги предводеа селекциите на Англија, односно Шкотска до 18 години.

За работите да бидат уште поинтересни, пред година и пол двајца фудбалери одиграа натпревар еден против друг на мечот меѓу Шкотска и Англија.

Додека Тајлер Флечер (Шкотска) е дефанзивен играч за врска, неговиот брат близнак Џек Флечер (Англија) игра поофанзивна улога и е офанзивен играч за врска. Бидејќи и двајцата се родени во Манчестер, имаат право да играат за Англија, а дали тоа ќе се промени во иднина и дали ќе играат заедно за една од овие две репрезентации, останува да видиме.

реклама

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе