Блокиран планот на Бајден за задолжителни вакцини или тестирања

Врховниот суд на САД го блокираше планот на претседателот Џо Бајден за задолжителни вакцини или редовни тестирања за вработените во големите компании, но дозволува неговата администрација да наметне посебни услови за здравствените установи финансирани од федералните власти.

Судот пресуди откако ги сослуша аргументите во правната битка за привремените наредби издадени од две федерални агенции во ноември за зголемување на вакцинирањето на работните места во големите компании во кои се вклучени 80 милиони американски работници и федералните здравствени установи.

Судот беше поделен

Судот, кој има конзервативно мнозинство, беше поделен и во двата случаи. Во првиот случај, шест судии гласаа за блокирање на наредбите за задолжителни вакцини или тестирање на работното место, а во вториот случај, пет судии ја поддржаа заложбата за здравствените работници, додека четворица беа против.

На либералното мнозинство во вториот случај му се придружија двајцата конзервативни судии, Џон Робертс и Брет Кавано. Обврската опфаќа 10,3 милиони работници во 76.000 федерални здравствени установи.

Претседателот Бајден во септември ги претстави регулативите за зголемување на стапките на вакцинација за возрасни како начин за борба против пандемијата, која уби повеќе од 845.000 Американци и ја оптовари економијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе