Веројатноста за колапс на САД денеска е многу поголема отколку на почетокот на милениумот, пишува коментаторот на Bloomberg, Макс Хестингс
Тој овој заклучок го црпи од анкетата на Универзитетот во Вирџинија, според која 52% од поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поддржуваат идејата „републиканските“ држави да формираат посебна држава. Истовремено, 41% од испитаниците кои гласале за актуелниот лидер Џо Бајден, имаат сличен став во однос на „демократските“ држави.
Како што истакна Хестингс, САД постојано растеа од своето основање, но секогаш беа поделени поради политички и други причини.
Тој изрази мислење дека не треба да се очекува веднаш САД да се распаднат, иако веројатноста за тоа сега е значително поголема од пред 20 години.