Bloomberg за македонската гувернерка: Ангелоска Бежоска е една од само четири жени кои водат централна банка во Европа

Њујоршката агенција специјализирана за бизнис вести Bloomberg објави текст за гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска Бежоска во кој ги објаснува нејзините планови за макроекономската стабилност, но и предизвиците со кои се соочува како жена во патријархалниот систем.

Четириесет и седумгодишната економистка, која има три деца, се вели во текстот, за малку ќе ја одбиела понудата да биде гувернерка.

Ангеловска Бежоска првично била загрижена како ќе постигне рамнотежа меѓу одговорната функција и семејниот живот, но сега успешно раководи со финансиската политика на Северна Македонија, каде што процентот на невработеност е околу 20 отсто, објаснува Bloomberg.

Откако економскиот раст на земјата, се вели во текстот, бил загрозен од политичката криза што за малку ќе ја втурнела земјата во рецесија пред две години, државата го разрешила долгогодишниот спор за името и го отворила патот кон НАТО и ЕУ.

-Иако до членството во ЕУ ќе минат години, Бежоска веќе размислува како во Северна Македонија да го воведе еврото. Со девизен курс врзан за таа валута, како и со нивоа на долг и инфлација во европски рамки, земјата ги исполнува повеќето формални критериуми, пишува Блумберг за гувернерката и нејзините првични подготовки за европската валута.

Прифаќајќи ја одговорноста за макроекономската стабилност за државата иако „не е лесна задача“, гувернерката во изјава за Bloomberg вели дека воведувањето на еврото е логичен краен резултат, имајќи предвид дека земјата веќе има трговски и финансиски врски со ЕУ.

Ангеловска Бежоска претходно работела во Меѓународниот монетарен фонд, каде што била задолжена за балканските и балтичките земји.

Bloomberg истакнува и дека таа е една од само четирите жени на чело на државни финансиски институции во Европа. Останатите три Европејки кои раководат со централните банки во своите држави се во Кипар, Србија и во Русија.

Успехот на Ангеловска Бежоска е исклучок во земја во која сè уште повеќето високи функции им се доделуваат на мажите, пишува Bloomberg.

Но таа се обидува да го смени ова: на околу 60 отсто од раководните позиции во Народна банка сега се поставени жени, меѓу кои се и двете заменик-гувернерки што Ангеловска Бежоска ги има назначено.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе