Blue Origin ќе го прати капетан Кирк во вселената

Канадскиот актер Вилијам Шатнер, легендарниот капетан Кирк од серијата „Star Trek“ навистина ќе отпатува во вселената.

Капетанот Кирк ќе биде испратен во вселената од американскиот милијардер Џеф Безос и неговата компанија Blue Origin, а лансирањето е закажано за 12 октомври во Тексас.

Шатнер има 90 години и ќе стане најстарата личност што отпатувала во вселената.

„За вселената слушам долго, а сега ќе ја искористам можноста да ја видам. Какво чудо", изјави актерот.

Тој ќе биде дел од екипажот од уште три лица и ќе патува во вселената со ракетата New Shepard. Претходно во јули, Безос беше член на првиот екипаж кој Blue Origin го испрати во вселената.

Вселенското патување во октомври ќе трае десет минути.

Шатнер во серијата „Star Trek“ го играше ликот на капетанот Џејмс Т. Кирк, кој командуваше со вселенското летало USS Enterprise, а подоцна се појави и во филмовите.

Remote video URL

Во 2013 година наводно ја одбил понудата на Ричард Бренсон да лета со него во вселената. Бренсон, исто така, годинава искуси патување во вселената, организирано од неговата компанија Virgin Galactic.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе