BMW на 23 септември ќе ги претстави најмоќните модели кои се засновани на актуелната Серија 3(G20).
На новите фотографии кои пристигнаа од Минхен може да ги видите деталите од новата генерација на моделите на BWM, M3 и M4 кои ќе бидат претставени за два дена.
Фотографиите откриваат дека и новиот BMW M3 веќе нема да биде најсилниот модел од Серија 3.
Во одделот М подготвија и неколку нови бои за каросеријата меѓу кои е зелената боја под назив Isle of Man.
Новите модели ќе имаат 6-степен менувач, а внатрешноста на Coupé верзијата на M4 открива новодизајнирани спортски седишта со наслон за глава.
И двата модела ќе ги придвижува трилитарски 6-цилиндричен мотор кој ќе развива 480 коњски сили, а моделот Competition ќе развива 510 коњски сили.