BMW го претстави M5 CS - најмоќниот M модел во историјата
Компанијата BMW го претстави својот нов, моќен модел – M5 CS.
Овој седан е всушност најмоќниот M модел во историјата. Неговиот познат 4,4-литарски V8 мотор развива 636 коњски сили, а e во комбинација со 8-степен менувач и xDrive погон на сите четири тркала.
Од 0 до 100 забрзува за само 3 секунди, а од 200 км/ч за 10,4 секунди.
Новиот M5 CS ќе послужи како модел за 2022 година, а ќе го продаваат само една година и тоа како ограничен модел. Продажбата во Европа започнува во пролет, а ќе се продава по цена од 199.900 евра.