BMW го претстави новиот Gran Coupé од Серија 4
Во Минхен се уверени дека со новата генерација на Серија 4 Gran Coupé ќе привлечат многу купувачи на кои им се допаѓа практичната каросериска верзија која BMW ја нудеше и со претходната генерација на Серија 4.
Моделот со бензин се крие зад ознаката 420i, а неговиот 4-цилиндричен мотор со 48-волтна хибридна технологија развива 184 коњски сили и 300 Nm максимален вртежен момент, при што од 0 до 100 км/час забрзува за 7,9 секунди.
Истата конфугурација се крие зад ознаката 430i, но возачот може да смета на 245 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/час забрзува за 6,2 секунди.
На врвот на понудата е опцијата M440i xDrive која има интегрален погон и 6-цилиндричен трилитарски мотор кој развива 374 КС и 500 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/час забрзува за 4,7 секунди.