BMW го претстави освежениот, поагресивен и полуксузен X7

BMW официјално го претстави обновениот голем луксузен теренец со ознака X7.

Веднаш на прв поглед може да се забележат поделени фарови и поагресивен изглед, а овие карактеристики ќе бидат дел и од другите луксузни модели, велат челниците на BMW.

X7 дефинитивно ќе биде најскапиот SUV на BMW, а задачата на редизајнираната верзија е овој SUV да остане пред претстојниот нов Range Rover. За таа цел, X7 доби дополнителна технологија и поагресивен дизајн.

Предните светла сега се поделени, нагоре се дневните LED светла што му даваат „очи“ на лицето на X7 додека фаровите се наоѓаат долу. Бубрежестата ешетка се очекува да биде поголема, а сега ќе може да и осветлена по желба на купувачот и со доплата. Оние кои не сакаат стандарден X7 ​​и имаат малку поголем буџет, тогаш можат да ја одберат уште „поопасната“ верзија M Sport.

Ова е првото BMW што се нуди со тркала од 23 инчи.

Во внатрешноста, копчињата се заменети со црни делови на контролната табла, што изгледа поминималистички и „лист“. За контрола на климатизацијата и вклучување на грејачите на седиштата мора да се користи голем заоблен екран од 14,9 инчи, кој го има и целосно електричниот iX.

На некои нема да им се допадне затоа што сега треба да „копаат“ низ опциите и да бараат подменија наместо да прават сѐ со притискање на копче и да продолжат да гледаат каде возат.

Сите седум седишта се моторизирани и може да се преклопат со притискање на копче. Внатрешноста е обложена со веганска кожа.

Секој X7 е опремен со хибриден систем од 48 волти. X7 M60i V8 развива 523 КС, а достапен е и 3,0-литарски 6-цилиндричен мотор кој испорачува 374 КС. X7 40d нуди 320 КС, а без разлика на изборот, сите верзии имаат погон на сите тркала и нов 8-степен автоматски менувач во стандардната верзија.

Воздушното потпирање е исто така стандардно, а BMW работи на апликација која ќе им овозможи на сопствениците да ја прилагодат висината на автомобилот преку смартфон.

Тагови
реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Концепти

Камион што поминува 5.000 километри годишно на сончева енергија

Read more

Volkswagen го покажа новиот модел ID - дали ќе влезе во производство?

Read more

Mercedes Vision One-Eleven е ѕвездата на автосаемот во Минхен

Read more

Volkswagen го претстави концептот ID. GTI, доаѓа и сериската верзија

Read more
 

Автомобили

  • filter

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

YangWang U8: Кинески теренец со 1200 КС кој ќе издржи и поплава

Читај повеќе

Кои се најпопуларните брендови на автомобили во Европа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Mini eMastered е сè што барате од мал градски електричен автомобил

Читај повеќе

Зошто отворот на резервоарот за гориво не е на исто место кај сите возила?

Читај повеќе
  • filter

Како изгледа новиот центар за безбедност на Audi вреден 100 милиони евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот самовозечки автобус почна да вози во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа колекција од 13 автомобили вредни 50 милиони долари?

Читај повеќе

Што мислат возачите за автономните возила?

Читај повеќе