BMW има одговор за Golf GTI на Volkswagen
BMW го претстави новиот модел 128ti.
Четирицилиндричниот мотор развива 262 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 6,1 секунда и достигнува максимални 250 км/ч.
Со оглед на тоа дека се работи за модел со преден погон, моќниот хетчбек е одговор на Volkswagen Golf GTI, особено за претстојниот модел GTI TCR.
Продажбата во Европа почнува во ноември, а ќе се продава по цена од 41.574 евра.