
BMW M8 Competiton е „татко“ на понудата M откако се појави во 2019 година, и тоа ќе биде сѐ додека на пазарот не се појави уште помоќен и веројатно нумерички ограничен CSL.

Во минатото, различни тјунери ширум светот црпеа поголема моќ од 4,4-литарскиот твин-турбо V8 мотор на BMW. Во фабриката, овој мотор испорачува 617 КС и 750 Nm вртежен момент, поврзан е со 8-степен M Steptronic менувач, а силата се пренесува на сите четири тркала преку системот xDrive. Во конфигурација со тврд покрив со две врати, M8 забрзува од 0 до 100 km/h за 3 секунди, додека со опционалниот пакет M Driver достигнува максимални 306 km/h.

Компанијата Wheelsandmore сега ги подобри перформансите на M8 Competition како и неговиот изглед. Моќноста на споменатиот 4,4-литарски V8 мотор е зголемена, а има два пакета.

Фазата 1 „ослободува“ 710 КС и 890 Nm вртежен момент, а ако тоа не е доволно, тогаш тука е Stage 2 по која испорачува 764 КС и 910 Nm вртежен момент.

Промени може да се направат само кај автомобилите произведени пред 2020 година.

Но, тоа не е сè, бидејќи намерите за подобрување на звукот во Wheelsandmore посегнаа по уникатниот спортски издувен систем на Dahler.

Оние кои имаат понов M8, можат да го изберат неговиот plug-and-play тјунинг модул кој ја зголемува моќноста на 681 КС и вртежен момент од 890 Nm.

Тјунерот нуди и неколку комплети на бандажи вклучувајќи ги Underdock, F.I.W.E и 6Sporz. Првиот сет е достапен во големина од 20 инчи, а останатите два во комбинација од 20 предни и 21-инчни задни тркала.

Во понудата се и модификации на суспензијата во форма на пружини KW и прилагодливи амортизери KW V4, за да може M8 дополнително да се спушта.

