BMW најави четири нови SUV модели

BMW поднесе апликација која покажува дека има намера да произведе четири целосно нови електрични SUV модели.

Станува збор за моделите iX6, iX7, iX8 и iX9, чии имиња се регистрирани во Германија и кои го следат начинот на именување на електричните теренци на BMW.

Овие имиња првпат се појавија пред пет години, но пред да почне електрификацијата во индустријата. Апликацијата за заштита на името е показател дека BMW го интензивираше развојот на својата понуда на електрични SUV возила.

Сите споменати модели се поголеми од iX3, а iX6 е веројатно возило со средна големина додека другите припаѓаат на сегментот со целосна големина. Сепак, иако iX6 и iX7 лесно имаат смисла, помалку е јасно каква форма ќе имаат iX8 и iX9.

BMW iX6 би требало да биде електричен SUV во стил на купе со сличен дизајн на X6. Интересно е тоа што нема навестување за ознака iX4, но гласините сугерираат дека овој модел навистина ќе пристигне за да го замени конвенционалниот X6 и ќе се базира на платформата Neue Klasse.

За iX6 се зборуваше и претходно, но неговото пристигнување се очекува до април 2028 година. Со оглед на тоа што веројатно ќе одговара на големината на iX, се очекува да биде придвижуван од два електромотори кои ќе испорачаат повеќе од 600 КС во најмоќната верзија. Можна е и помалку моќна верзија со погон на задните тркала.

BMW iX7 ќе биде електрична верзија на X7 со три реда седишта, а овој модел е потребен за да му парира на теренецот EQS на Mercedes. Сепак, тоа се очекува дури во август 2027 година. Како еден од водечките теренци на BMW, би требало да биде блиску по моќ до седанот i7, кој развива 536 КС.

Моделот iX8 ќе има закосена линија на покривот и поостра динамика на возење во споредба со iX7. Материјалите и технологијата во внатрешноста ќе бидат врвни, односно најдобри, но во овој случај фокусот нема да биде на перформансите како во случајот со моделот XM. Бидејќи е целосно електричен, iX8 нема директно да ја канибализира продажбата на XM, кој всушност е plug-in хибрид со V8 мотор.

Најновиот во серијата е iX9, електричен SUV со три реда седишта позиционирани над iX7. X7 моментално е најдолгиот модел во гамата на BMW, но има уште поголеми теренци како Rolls-Royce Cullinan и Cadillac Escalade ESV.

Иако Rolls-Royce е во сопственост на BMW, се очекува дека iX9 ќе биде позициониран како најдобар SUV на BMW со огромна цена и неспоредлив комфор. Ќе биде помалку спортски од помалите модели iX, а задните седишта ќе бидат опремени со сите „BMW играчки“ вклучувајќи го и екранот Bishop кој дебитираше во новата серија 7. Rolls-Royce исто така се префрла на електрични модели, па iX9 може да има многу заедничко со идниот електричен Cullinan.

Сите електрични теренци се очекува да го усвојат дизајнерскиот јазик на BMW за EV, како што се сините надворешни детали и значки и уникатна графика на инструменти.

Кога ќе пристигнат iX8 и iX9 уште не е познато, но не се очекуваат пред помалите модели.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе