Авто новости

BMW најави најави електрификација на сите модели до 2025 година

6. декември 2017 - 15:44 | М.Д.

BMW верува дека иднината и припаѓа на електричните автомобили и plug-in хибридите, покажува планот за електрификација на моделите од оваа компанија до 2025 година.

На илустрациите кои ги објави германскиот произведувач, прикажани се фазите на воведување на електрични и модели со plug-in хибриден погон.

Покрај сите досегашни електрични автомобили, кои BMW ги лансираше во изминатите неколку години, може да се види дека следниот plug-in модел кој ќе се појави на пазарот ќе биде i8 Roadster.

Овој автомобил имаше светска премиера кон крајот на ноември на саемот на автомобили во Лос Анџелес, а во продажните салони пристигнува следната година.

За 2018 година во план е и уште еден plug-in хибриден автомобил со значка BMW, но не е наведено за кое возило станува збор.

Инаку, сите нови модели кои ќе се појават во 2021 година и подоцна ќе бидат развиени на тој начин да можат да користат мотори со внатрешно согорување, plug-in хибридни системи и чист електричен погон.

Коментирај