BMW објави фотографии од тестирањето на електричниот i7
BMW интензивно го тестира електричниот луксузен модел i7 кој заедно со новата генерација на Серија 7 би требало да биде претставен наредната година и ќе биде одговор на Mercedes S класа.
Во Минхен велат дека автомобилот одлично се снашол на вакви услови.
Покрај продукциското издание на електричниот модел i7 кој ќе развива околу 650 КС, BMW наредната година ќе ги претстави и моделите XM, M4 CSL и M3 Touring, a се очекува и спортски модел.