BMW откри нови детали за седмата генерација на Series 3

Германскиот автомобилски гигант BMW ќе ја претстави новата генерација на моделот Series 3 на октомврискиот саем за автомобили во Париз, а пред да го претстави автомобилот, реши да открие неколку детали за него.

Уредно камуфлираната Series 3 2019 ги поминува последните километри од тестирањето, а од BMW се уверени дека со овој модел имаат нов хит во најава.

Во однос на актуелната шестта генерација на моделот, новата Series 3 „ослабна“ многу, околу 50 килограми (можеби нешто помалку, во зависност од вградената опрема), а овојпат ултралесните 18-инчни бандажи се дел од опционалната опрема. Новата генерација има и 10 милиметри пониско тежиште а распределбата на тежината по осовините е во размер 50:50.

BMW за G20 (најголемите 20 држави во светот) го подготви најмоќниот четирицилиндричен турбобензински мотор кој досега се вградуваше во Series 3 (неофицијално околу 260 коњски сили), а од баварскиот автомобилски гигант ветуваат дека новиот мотор во однос на најмоќната верзија на моторот од минатата генерација ќе биде 5% повеќе штедлив, а заслугите за тоа одат кај унапредениот 8-степенски автоматски Steptronic менувач.

Во наредните месеци од Минхен очекуваме и фотографии на кои ќе може да се види внатрешноста на новата Series 3 чии главни конкуренти доаѓаат од Mercedes (C-Class), Audi (A4), Jaguar (XE) и Alfa Romeo (Giulia), а нејзиното најмоќно издание (M3) би требало да биде готово кон крајот на наредната или почетокот на 2020 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе