BMW претстави интересен концептен двосед Skytop

Во Минхен велат дека моделите 503 и Z8 на BMW послужиле како инспирација за концептот Skytop, кој публиката можеше да го види на изложбата Concorso d'Eleganza Villa d'Este.

BMW е една од неколкуте автомобилски компании кои често прикажуваат концепт модели на познатата италијанска изложба Concorso d'Eleganza Villa d'Este, што го направија и оваа година, а овој пат публиката во близина на езерото Комо можеше да види интересен Skytop со две седишта, инспириран од моделите 503 и Z8 на BMW.

„Концептот BMW Skytop совршено се вклопи во филозофијата и опкружувањето на познатата италијанска изложба, а дизајнерите и инженерите се потрудија да создадат автомобил кој со себе носи оптимална комбинација на динамика и елеганција“, изјави првиот човек на одделот за дизајн на BMW, Адриан ван Хојдонк.

Зад деталите на каросеријата, кои потсетуваат на моделот 503 што BMW го направи кон крајот на 50-тите во 412 примероци (273 купеа и 139 кабриолети), но и на многу „помладиот“ Roadster Z8 со 4,9-литарски атмосферски V8 мотор (од BMW M5 E39) кој се произведуваше од 1999 до 2003 година, се крие основата на сегашната серија 8 на BMW. Под долгата предна хауба се наоѓа познатиот 4,4-литарски битурбо V8 мотор (625 КС) кој го придвижува актуелниот модел M8 Competition.

BMW не објави податоци за перформансите, а погледот на кабината, која е речиси продукциска, открива дека Skytop со себе го носи 8-брзинскиот автоматски менувач од споменатиот M8, од кој го дели отворено небо над седиштата обложени со кожа. Дводелниот лизгачки покрив се отстранува рачно и се чува во багажниот простор.

Според сите пресметки, Skytop ќе остане уникатен изложбен примерок, бидејќи во Минхен не планираат да произведат ниту нумерички ограничена количина.

Тагови
реклама

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Ангелов бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром

Read more

Кои хороскопски знаци најчесто се разведуваат?

Read more

Алкарас со триумф во Индијан Велс ќе се врати на врвот на АТП листата

Read more

Авто новости

Проверете една работа во автомобилот пред да тргнете на патување

Read more

Новиот MINI Cooper пристигнува и во попрактично каросериско издание

Read more

Новиот кампер VW California е достапен само во Германија, другите ќе почекаат до крајот на летото

Read more

BMW ја претстави новата Серија 1, верзијата M135 останува на врвот на понудата

Read more
 

Автомобили

Проверете една работа во автомобилот пред да тргнете на патување

Читај повеќе

Новиот MINI Cooper пристигнува и во попрактично каросериско издание

Читај повеќе
  • filter

Новиот кампер VW California е достапен само во Германија, другите ќе почекаат до крајот на летото

Читај повеќе
  • filter

BMW ја претстави новата Серија 1, верзијата M135 останува на врвот на понудата

Читај повеќе

Грешка при полнење гориво што може сериозно да го оштети вашиот автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Ако видите паричка на вратата од автомобилот, веднаш повикајте полиција

Читај повеќе

Toyota Celica се враќа со 2.0-литарски турбо мотор и погон на 4 тркала

Читај повеќе

Која е функцијата на сивите кутии што се појавија на семафорите во Германија?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

10 интересни, но сосема непотребни факти за автомобилите

Читај повеќе