BMW серија 8 ја однесе првата жртва и пред премиерата

Премиерата на новиот модел закажана за во петок 15 јуни, за жал имаше трагична увертира претходниот викенд во Германија.

Во несреќата на постпродукциското возило на BMW Серија 8, која се случи во саботата навечер во близина на Боденкирхен, почина 53-годишна жена, додека 37-годишниот возач помина само со полесни повреди.

Како што пренесува „Motor1“, неименуван возач од Минхен ја возел мајката на својата девојка во пробно возило на BMW Серија 8, за да и го покаже новиот модел кој се уште не е официјално претставен.

Поради големата брзина тој загуби контрола над автомобилот и излета од патот, а потоа возилото удри во неколку стебла.

Иако воздушните перничиња се активирале, поради јачината на ударот, жената доживеа тешки повреди на главата и почина на местото на настанот.

Како резултат на големите деформации на каросеријата, пожарникарите беа принудени да употребат хидраулична метална направа за да го извлечат мртвото тело на жената.

Истрагата околу сите околности кои доведоа до оваа несреќа е во тек, а во прелиминарниот извештај како главен причинител за сообраќајката се пренесува прекумерната брзина.

Се верува дека постпродукциското возило било моделот M850i xDrive, опремен со V8 мотор со 533 коњски сили, за кој се претпоставува дека од 0 до 100 километри на час забрзува за помалку од 4 секунди.

Официјалната премиера на BMW Серија 8 треба да се случи на 15 јуни во рамките на трката 24 часа Ле Ман.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Read more

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Read more

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more
 

Автомобили

  • filter

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Читај повеќе

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе