BMW што се трансформира во Transformer
Компанијата Letvision од Турција направи автомобил кој за 30 секунди се претвора во Transformer.
Турските инженери од BMW серија 3 Coupe направија робот кој го нарекоа Letron. Засега, роботот не може да оди, но се трансформира од автомобил во робот за 30 секунди. Инженерите на овој проект работеле 8 месеци, а се планираат уште вакви роботи.