Португалскиот клуб Боавишта синоќа направи необичен потег и истовремено ангажираше 9 нови играчи.

Најпознато име меѓу нив е Лавин Курзава, поранешен играч на Пари Сен-Жермен и Монако и човек кој 14 пати го носеше дресот на француската репрезентација.
Покрај него, клубот од Порто објави дека нови играчи се: голманот Томаш Вацлик, Марко ван Хинкел, Муса Коне, Осман Какај, Виталиј Лисцов, Сидоан Фоњинг, Стивен Виториа и Гболи Аријиби.
По 21 одиграно коло во португалскиот шампионат, Боавишта се наоѓа на последното место на табелата со само 12 бодови, 6 помалку од безбедната зона.
Боавишта беше шампион на Португалија прв и последен пат во сезоната 2000/2001.