Американскиот кантавтор Боб Дилан ја прифати Нобеловата награда за книжевност, три месеца откако беше одржана церемонијата на доделување, пренесуваат шведските медиуми.
Според истите извори, Дилан наградата ја добил на приватен собир во Стокхолм, пред одржувањето на концерт во тој град.
Претставници на шведската Академија претходно наведоа дека Дилан нема да одржи говор, што е традиционален услов по приемот на наградата.
Се очекува подоцна да даде снимена верзија на изјавата.
Доколку не го даде својот говор до јуни, ќе мора да се откаже од наградниот фонд од 900 илјади долари.