Бобан: Не знам што прави Ибрахимовиќ во Милан

Звонимир Бобан (55), поранешен капитен на хрватската фудбалска репрезентација и Динамо, а подоцна и близок соработник на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, даде интервју за Gazzetta Dello Sport.

Тој меѓу другото ја коментираше и ситуацијата во Милан, клубот во кој го помина најдобриот дел од својата играчка кариера и беше спортски директор во 2019 и 2020 година.

Бобан рече дека го почитува тренерот Пауло Фонсека, кој го презеде Милан ова лето, но верува дека италијанскиот тим мора да игра во формација 4-3-3. Тој зборуваше и за Златан Ибрахимовиќ, некогаш голем напаѓач кој минатата година ја заврши кариерата, а сега работи во Милано како специјален советник за спортски прашања.

„Златан е генијалец и ќе му бидам благодарен до крајот на мојот живот бидејќи од љубов кон Милан се согласи да се врати и со тоа ја промени поновата историја на клубот. Но, сега не ми е јасно што прави во Милан и кои се неговите задачи за да можам да го оценам. Се надевам дека ги разбра бидејќи на крајот ќе му судат нему, а не на спортскиот директор Џефри Монкада“, изјави Бобан кој ја критикуваше трансфер политиката на Милан.

„Тимот кој ја освои Серија А и беше полуфиналист во Лигата на шампионите беше невнимателно разбиен. Толку многу можеше да се изгради на тие темели. За мене тоа беше очигледна грешка“, изјави Бобан.

Според податоците на Transfermarkt, Ибрахимовиќ одиграл 163 натпревари за Милан во кои постигнал 93 гола и асистираше на 34 од нив.

реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Фудбал

Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Read more

Флорентино Перс ќе го води Реал до 2029 година

Read more

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Read more

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фер-плејот не е мртов: Де Варгас спречи судијата да му покаже црвен картон на противникот

Читај повеќе
  • play_arrow

Њу Орлеанс од -25 до победа, Бостон со 40 разлика ги победи Вориорс

Читај повеќе
  • play_arrow

Пол се самоуништи, Зверев се пласира во полуфиналето на АО

Читај повеќе

Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Читај повеќе

Флорентино Перс ќе го води Реал до 2029 година

Читај повеќе

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Читај повеќе

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе