Бобинките штитат од хронични болести и се корисни за здравјето на мозокот

На сите понекогаш ни се случува да заборавиме нечие име, или, пак, каде сме ги оставиле клучевите од дома… Но, ваквите „дупки во сеќавањето“, со тек на времето, може да зачестат, па соодветно на тоа, важно е да се консумира одредена храна, со цел да се забави тој процес.

Бидејќи мозокот се менува и расте, во текот на животот му требаат одредени видови храна кои ќе бидат еден од начините за поддршка на овој процес и подобрување на функцијата на меморијата. Стручњаците предлагаат неколку намирници за подобра функција на мозокот и паметење.

Омега-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини се еден вид корисни, т.н. „добри“ полинезаситени масти, кои помагаат во обликувањето на когнитивните способности. Богати се со еикозапентаеноична киселина (ЕПА) и докозахексаенонска киселина (ДХА), коишто ги поддржуваат когнитивните функции, ја одржуваат флуидноста на клеточната мембрана и ја зголемуваат синаптичката пластичност.

Така, доволното внесување на ДХА игра важна улога во процесот на учење и помнење во текот на животот. Со стареењето, концентрацијата на есенцијални масни киселини во ткивото се намалува. Со оглед на тоа што бројни истражувања покажуваат дека зголеменото ниво на ДХА во мозокот го забавува намалувањето на когнитивните способности, поврзано со стареењето и опасноста од Алцхајмерова болест, може да се заклучи дека оптималното внесување на омега-3 масни киселини е потребно за зачувувањето на когнитивните функции и сеќавањето, што може да ги одложи невродегенеративните болести.

Јадењето масна риба, како што се бакаларот, лососот, скушата, сардината и пастрмката овозможува внос на протеини и омега-3 масни киселини. За оние кои се вегетаријанци или вегани, се препорачуваат алги, ореви, бадеми, чиа семе, како и семе од коноп и лен.

Полифеноли

Полифенолите се растителни антиоксиданти со антиинфламаторни придобивки, а бобинките се преполни со нив. Така, тие се високо препорачливи, затоа што се одлични и во заштитата од хронични болести и за здравјето на мозокот.

Научните истражувања покажуваат дека поради нивната специфична биолошка активност, бобинките го штитат срцето, крвните садови и имунитетот. Тие, исто така, се сметаат за материја со потенцијален позитивен ефект на хроничните воспалителни болести, повеќе видови рак и на стареењето.

Едно 20-годишно истражување на Медицинскиот факултет при Харвард открива дека возрасните кои јаделе боровинки и јагоди имаат најмала стапка на когнитивно опаѓање.

Имено, Американското здружение за срце објави труд спроведен врз повеќе од 93.000 жени на возраст од 25 до 42 години. За време на 18-годишното следење, научниците откриле дека оние кои јадат боровинки и јагоди трипати неделно, имаат помали шанси да доживеат срцев удар. Во мигов нема лек за Алцхајмерова болест или деменција, но наместо да се плашите од неочекувани судбини, стручњаците препорачуваат да се преземе контрола каде што се може.

Додавањето вкусна и хранлива храна во исхраната, како што се боровинки и ореви, е еден начин да се преземе иницијатива во врска со здравјето на вашиот мозок.

реклама

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Здравје

Што се случува со нашите тела кога вдишуваме невидливи загадувачи?

Read more

Цедените соковите не се замена за овошје: Што вели науката за нивната консумација?

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Магазин

  • filter

4 прекрасни ситници за џабе: Ќе ја разубават кујната до непрепознатливост

Читај повеќе

Што се случува со нашите тела кога вдишуваме невидливи загадувачи?

Читај повеќе
  • filter

Колку ќе ве чини ноќевање во најфотографираниот хотел во светот? 

Читај повеќе

Цедените соковите не се замена за овошје: Што вели науката за нивната консумација?

Читај повеќе
  • play_arrow

Растителните влакна се важни за слабеење и варење: Колку треба да јадеме секој ден?

Читај повеќе

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Читај повеќе

Како да ја искористите енергијата на денешниот моќен портал 11.11?

Читај повеќе

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Читај повеќе

Популарен суплемент со кој треба да внимаваат луѓето со чувствителни бубрези

Читај повеќе