Бодибилдер откри низ каков пекол минал поради зависност од стероиди

Б.С.Б.
/ 21.09.2022 / 14:46

Популарниот бодибилдер Џексон Типет во искрено интервју проговори за тоа како употребата на стероиди влијаела на неговиот живот.

Во 2017 година во Австралија бил фатен со над 250 таблети стероиди и шишенце тестостерон, како и инјекција и игла во долната облека. Полицијата тогаш го казнила 23-годишниот Џексон со 4.000 долари, а на Instagram одлучил да го искористи инцидентот како прилика да го насочи својот живот на подобро.

Во емисијата Good Humans Типет објасни дека по две години користење стероиди почнал да забележува загрижувачки промени на неговото тело.

„Црниот дроб и бубрезите лошо ми функционираа. Бев уморен и жолт во лицето. Урината ми беше многу темна, скоро портокалова. Не можев да постигнам ерекција и полека почнав да се дебелеам и доживувам ментални проблеми“, призна тој.

Поради зависноста останал без девојката, а за малку и без семејството. Сега активно ја споделува неговата приказна со надеж дека ќе ги инспирира другите кои се во слична ситуација.

„Не сакав да одам во затвор, не сакав да бидам зависник од стероиди. Се извлеков, но го допрев дното. Се надевам дека мојата приказна ќе биде поучна за другите. Tемелно истражив и го проучив моето искуство за користење стероиди, начините на кои го надминав тоа. Нудам совети на оние кои сакаат да се извлечат“, порача тој.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе