Свет

Boeing 737-800 вивна во пламен по слетување во Египет

11. ноември 2019 - 8:55 | А.С.

Авиокомпанијата SkyUp Airlines утрово се соочи со голем проблем, откако нејзин авион Boeing 737-800 вивна во пламен откако слета на пистата на аеродром во Египет.

Авионот на нискотарифната компанија успешно слета во Шарм ел Шеик, популарната туристичка дестинација на Црвеното Море, но кога почна да се паркира, одеднаш се појави пламен на левата страна на авионот.

За среќа, вработените на аеродромот брзо реагираа, го изгаснаа огнот со противпожарни апарати и спречија поголема штета.

Ниту еден од вкупно 196-те патници не е повреден.

Иако уште не е потврдена причината за избивањето на пламенот, се претпоставува дека најверојатно станува збор за протечено гориво.

Слична ситуација имаше минатиот месец кога авион на Asian Airlines се запали набрзо по полетувањето од Јужна Кореја. Патниците беа евакуирани, а пожаротт изгаснат.

Коментирај