Свет
МОРНИЧАВА ПРЕСМЕТКА

Boeing 737 е како темпирана бомба - може да има 15 авионски несреќи со овој модел, со 3.500 жртви

12. декември 2019 - 15:27 | МИА

Американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) пресмета дека може да има 15 авионски несреќи со авиони на Boeing 737 Max во текот на нивниот „работен“ век.

Интерните пресметки на ФАА објавени по првата фатална несреќа покажуваат дека авиони наа Boeing 737 може да се урнат во 15 случаи, при што би загинале повеќе од 3.000 патници, пишува Business Insider.

Предвидувањата, направени пред втората несреќа, придонесоа авионите од овој модел да бидат приземјени низ целиот свет.

Тие информации беа изнесени во јавноста кога тоа предвидување беше објавено во документи презентирани на сослушувањето на Комитетот за транспорт во Вашингтон.

Објавените податоци се засноваат на интерна анализа спроведена од ФАА по катастрофата во октомври 2018 година, кога загинаа 189 лица.

Пресметките на ФАА покажуваат дека несреќата се случила по приближно 136.000 часови лет на тој авион.

Врз основа на тој број, во комбинација со очекуваниот животен век на користење на овој модел на авион (максимум 45 години), пресметано е дека може да дојде до 15 несреќи, се наведува во документот од сослушувањето.

Во зависност од конфигурацијата на авионот и пополнетоста на местата во него, во 737 може да патуваат 230 патници.

Business Insider врз основа на тоа дојде до податокот дека во 15 авионски несреќи на Boeing 737 би загинале околу 3.500 лица. 

Коментирај