Свет

Boeing ги прекинува испораките на авионите 737 Max

15. март 2019 - 8:21 | МИА

Вашингтон, 15 март 2019 (МИА) – Американскиот производител на авиони Boeing денеска соопшти дека ја прекинува испораката на авиони од типот 737 Max, откако повеќето земји во светот забранија нивно летање, по несреќата во Етиопија во која загинаа 157 патници и членови на екипажот.

Boeing 737 Max имаше забрана за летање во воздушниот простор на повеќе земји, вклучувајќи ги и САД, по несреќата, втора со овој релативно нов модел за помалку од пет месеци.

Во октомври авион на индонезиската авиокомпанија Lion Аir се урна, при што загинаа 189 лица.

Коментирај