„Boeing“ инвестира во летечки такси возила

Гигантот во авиоиндустријата, „Boeing“, денеска најави дека ќе ја купи компанијата „Aurora Flight Sciences“, која заедно со „Uber“ работи на создавање на мрежа од летечки такси возила.

Компанијата „Aurora Flight Sciences“ е лоцирана во американската сојузна држава Вирџинија и е специјализирана за производство на беспилотни летала. Од своето основање во 1989 до денес компанијата има произведено преку 30 модели на беспилотни летала.

„Со заеднички сили нашите тимови ќе го забрзаат развојот на беспилотните летала за јавна и воена употреба. Заедно, ќе отвориме нови пазари за овие технологии“, изјави Грег Хислоп, потпретседателот на „Boeing“.

Минатата година „Aurora Flight Sciences“ беше наградена со договор вреден 89 милиони долари од Министерството за одбрана на САД, за развој на ново беспилотно воено летало, наречено „LightningStrike“.

„Aurora“ има соработка и со „Uber“ во проектот кој предвидува создавање на мрежа од летечки такси возила, кои ќе се користат најпрво како тест-субјекти, па потоа ќе бидат пуштени и во сериско производство.

Далас и Дубаи се пријавија како први градови-домаќини на овој проект, а од компанијата се надеваат дека ќе можат да и го презентираат на јавноста готовиот производ веќе во 2020 година.

реклама

Возачи, внимавајте: AI камери во Грција казнуваат празни совозачки седишта

Read more

Нови пораки откриени на судењето на родителите на Коста К.: Присутните во судницата шокирани од нивната содржина

Read more

Дали ви е топло или ви се гади по јадење? Причината може да ве изненади

Read more

Кинезите шокираа: Колку далеку може да возат електричните автомобили?

Read more

Бизнис

Kако авиокомпаниите ќе наплаќаат за рачен багаж во иднина?

Read more

Доделени наградите „Предводници на одржливиот развој“ на Бизнис форумот за одржливост

Read more

Семејството Трамп заработи 2,3 милијарди долари од крипто, инвеститорите изгубија сè

Read more

ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз

Read more

Вести

Алиу: За туѓа нега, пациентите нема да мораат на прегледи на 6 месеци или година

Читај повеќе

Утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта

Читај повеќе

Мелони: ЕУ треба да назначи еден претставник за разговори со Русија

Читај повеќе

Британскиот министер за одбрана поднесе оставка: Немам друг избор

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛАПД заплени 72 автомобила, возачите тврдат дека немале намера да се тркаат

Читај повеќе

Мицкоски ја освежува ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Пијани битолчани нападнале полицајци

Читај повеќе

Скопјанка тешко повредена откако во неа удрил 23-годишник со мопед

Читај повеќе

Контролор на ЈСП натепан од 50-годишна жена откако констатирал дека немала платено билет

Читај повеќе