Boeing ја губи репутацијата, можно е да го преименува кобниот 737 MAX

Boeing ќе го смени името на авионите од типот 737 MAX поради ризици по својата репутација, изјави Крег Смит, финансиски директор на компанијата, во интервју за Bloomberg.

„Работиме на тоа да сториме сѐ што е потребно за да ја обновиме репутацијата, и ако треба ќе го смениме и брендот“, изјави тој.

Како што се укажува, раководството на компанијата се уште нема донесено конечна одлука да се откаже од зборот „MAX“ во името на авионите. Таквата одлука би била погазување на досегашната работа на компанијата која се стремеше зборовите „MAX“ и „Dreamliner“ да бидат симбол за препознатливост на брендот кај туристите.

Моментално летовите со Boeing 737 MAX се забранети откако два авиона од овој тип се урнаа во временски период од неколку месеци. Едниот авион се сруши лани во октомври во Индонезија, а другиот годинава во март во Етиопија, при што загинаа вкупно 346 луѓе.

Резултати од истрагата покажуваат дека постои сличност во причините за катастрофите. Boeing призна дека патничките авиони можеле да се урнат поради грешка во системот МКАС за помош на пилотите во управување со авионот. Компанијата подоцна објави дека започнала со обнова на компјутерска програмата за управување со Boeing 737 MAX.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе