Бизнис

Boeing одвои 100 милиони за семејствата на починатите во двете авионски несреќи

4. јули 2019 - 12:19 | К.З.

Како една од најголемите светски компании за производство на авиони, Boeing доживеа огромен пад на репутацијата откако се случија двете авионски несреќи во кои како главни причини за трагедиите во кои беа загубени човечки животи беа посочени нивните авиони 737 Max.

Иако не може да понуди утеха со парите, сепак Boeing реши да подели вкупно 100 милиони долари на семејствата на загинатите во двете авионски несреќи.

Оваа финансиска инјекција ќе биде наменета за згрижување на најблиските на жртвите од авионските несреќи и тие ќе ги добиваат парите во тек на наредните неколку години, јавува Associated Press.

Еден дел од средствата ќе биде пренаменет за социјално згрижување и образование на помладите членови на семејствата, а остатокот од средствата се наменети за нанесената и претрпена душевна болка.

Да се потсетиме, во авионските несреќи за кои како главен виновник беше посочен софтверскиот систем на Boeing, вкупно загинаа 346 луѓе. Исто така, оваа компанија веќе се соочува со низа тужби на нејзина адреса, а со дел од семејствата се обидува да се нагоди надвор од судницата.

Моделот Boeing 737 Max од март оваа година е повлечен од употреба.

Коментирај