Богата музичка програма на фестивалско Скопје

Во рамки на третото издание на Скопскиот градски фестивал, вечер во големата сала на Филхармонијата во 20 часот концерти ќе одржат Матија Дедиќ – најпознатиот хрватски и еден од водечките европски пиjанисти и композитор, и Квартетот Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic составен од некои од најдобрите европски џез музичари меѓу кои и нашиот Мартин Ѓаконовски.

Матија, кој е син на Арсен Дедиќ и Габи Новак, има настапувано со познати музички имиња меѓу кои Alvin Queen, Martin Drew, Ron Ringwood, Boško Petrović, Marc Murphy Band, Patrizia Conte, David Gazarov, Gianni Basso, Miles Griffith, Onder Fokan, Jean Louis Rassinfosse, Anca Parghel, Tomi Emanuel, Lenny White, Kendrick Scott, Jim Madison, Jeff Ballard, Vicente Archer, Buster Wiliams, Larry Grenadier, N.H.O. Pedersen, Ron Mcclure, Marek Patrman и Salvatore Maiore.

Настапувал и со најпознатите балкански музичари меѓу кои Здравко Чолиќ, Влатко Стефановски, Џибони и Тамара Обровац. Како лидер има издадено десет албуми.

Квартетот Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic Quartet –ќе настапат по првпат заедно во овој состав на СГФ. Четворица музичари со исклучителни кариери, секој поединечно настапувал со врвни имиња од европската и светска џез сцена. На контрабас ќе настапи Ѓаконовски, кој се смета за најпознатиот македонски џез музичар, а кој живее и работи во Германија.

Билети за концертите во Филхармонијата можат да се набават преку www.bileti.mk. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

На плоштадот „Македонија“, пак, продолжува Дванаесеттото издание на „Виноскоп 2022“, кој на граѓаните им нуди богата музичка програма со домашни изведувачи и бендови, а за убавото расположение придонесуваат и македонските винарии кои што ќе ги зачинат музичките звуци со прекрасни македонски вина. Програмата започнува во 13 часот, а меѓу учесниците се Нина Јанева, ЗЏМ – Биг Бенд и Елена Поповска, Џафер, а за крај на вечерта ДЏ Гоце САФ.

Во Општина Сарај, продолжува Меѓународниот фолклорен фестивал „САРАЈ ФЕСТ“ кој ќе трае до утре. Овој меѓународен фестивал се организира по 12. пат во Сарај од културно уметничкото друштво „Дрита е Дервенит“ Сарај, во соработка со Општина Сарај и поддржан од Град Скопје. Учествуваат над 15 културно уметнички друштва од земјава и од странство, информираат од Град Скопје.

реклама

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Поранешен бунтовник стана претседател на Колумбија, најави преговори со нарко-бандите

Read more

Што ќе се вози во Русија: Москва како Хавана?

Read more

МК сцена

Хуманитарен настап на Ламбе Алабаковски и Некст Тајм во Тетово

Read more

По 16 години повторно Рудар-рок фест во Пробиштип

Read more

Охрид фест на 2 и 3 септември, ќе настапат Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ

Read more

Презакажан концертот на Дајте музика

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Новата серија на Netflix од 165 милиони долари ги воодушеви критичарите: Вистинско ремек дело

Читај повеќе

Хуманитарен настап на Ламбе Алабаковски и Некст Тајм во Тетово

Читај повеќе

Warner Bros потврди: Ќе се снима Joker 2

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајката на Стифлер откри дека благодарение на American Pie спиела со 200 партнери

Читај повеќе

Скорсезе ќе снима нов филм со Леонардо Дикаприо

Читај повеќе

Како ќе прозвучи Џими Хендрикс во изведба на биг бенд оркестарот на ЗЏМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Излезе нов трејлер за Andor, новата Star Wars серија

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за новата серија Partner Track на Netflix

Читај повеќе

Првиот сопруг на Џеј Ло откри интимни детали и порача: Бракот со Бен е осуден на пропаст

Читај повеќе