Богатства од Втората светска војна кои никогаш не се пронајдени

Илјадници милијарди вреден накит, злато, скапоцени камења и уметнички предмети се работите кои се исчезнати или украдени за време на Втора светска војна.

Некои се закопани и подоцна пронајдени, но се уште се сметаат за најмистериозните богатства од времето на Втората светска војна.

Нацистички воз со злато

Кога пред неколку години истражувачите Пјотр Копер и Андреас Рихтер во Полска утврдија дека пронашле воз полн со нацистичко злато, никој не им поверува. Меѓутоа, започнато е обемно истражување, па се чини дека наскоро би можеле да дознаеме дали нивните тврдења навистина се точни.

Овие двајца истражувачи кои наводно го пронајдоа возот, заедно со тим од 35 истражувачи, неодамна почнаа ископувања на местото за кое тврдат дека укажува на постоење на закопаниот воз.

Од друга страна, алтернативно истражување спроведено на универзитетот за наука и технологии во Краков, утврди дека не постојат докази кои упатуваат на вистинитоста на откритијата на Копер и Рихтер, но тврдат дека на тоа место би можело да се наоѓа тунел. Интересно е дека споменатите полски истражувачи одбија да учествуваат во овој потфат, како и тоа дека целото истражување е финансирано од приватни извори.

Златото на Јамашите

Ова е називот кој го носи наводниот воен плен од југоисточна Азија, а кој го собирале јапонските освојувачи под водство на лидерот Томојукиј Јамашите. Подоцна го сокриле во пештери, тунели и во подземен комплекс во Филипините.

Ловци на богатство ширум светот заминуваат на пацифичките острови за да си ја пробаат среќата во пронаоѓањето на богатството, но никој се уште го нема пронајдено легендарното злато.

Алпска тврдина

Изградбата на вистински ланец на тврдини планираше Хајнрих Химлер во 1943 година. Уште тогаш тој кроеше планови за евентуален воен пораз на нацистичкиот режим, па сакаше целото раководство да се повлече во планините на јужна Баварија за од таму да можат да продолжат да пружат вооружен отпор.

Адолф Хитлер не ги поддржуваше во потполност овие планови на своите најблиски соработници, но и денеска постојат шпекулации дека нацистите сокриле големо богатство по Баварија.

Аву Мару

Овој огромен јапонски крузер, завршен во 1943 година во Нагасаки, беше дизајниран за превоз на патници, но тие беа присилно мобилизирани во јапонската морнарница. Стотици јапонски морнари и војници се упатија од Сингапур кон јапонската територија пред крајот на Втората светска војна.

Шпекулациите велат дека превезувале и пет милијарди долари, како и скапоцени камења. Касно навечер на 1 април 1945 година американската подморница „Квинфиш“ упати торпедо кон овој крузер и го потопи.

Фашистичко богатство

Агентот на американското министерство за финансии Емерсон Вигерлоу во 1947 година напиша извештај во кој стои дека католичката црква му помогнала на фашистичкиот режим да шверцува околу 200 милиони швајцарски франци во злато, преку ватиканска банка.

Истиот агент вели дека фашистите извлекле вкупно околу 350 милиони франци од Хрватска, пред самиот крај на Втората светска војна.

Се претпоставува дека подоцна ги проследиле тие пари во Шпанија и Јужна Америка, за фашистите да побегнат и нацистите да можат да продолжат со својата работа далеку од Европа.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе