Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ

Скопје, 16 мај 2018 (МИА) - Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на Народната банка на Македонија и за тоа веќе го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов гувренерски мандат.

Во пишаната изјава за МИА Богов посочува дека со внимание ја следел дебатата во јавноста поврзана со предлогот по вторпат да биде именуван за гувернер на Народната банка на Република Македонија и оти одлуката ја донел имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите во политиката и роковите за избор на гувернер.

- Во оваа пригода би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов за довербата што ми ја даде со моето повторно предложување за прв човек на Народната банка, што за мене лично претставува валоризација на сработеното во изминатите седум години. Имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Република Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата за гувернер на Народната банка, за што веќе го известив Претседателот на Република Македонија, наведува Богов.

Тој верува дека во периодот што претстои ќе се изнајде решение и во најскоро време ќе биде предложен нов кандидат за гувернер на Народната банка, од редот на професионалците, кој ќе добие консензуална политичка поддршка.

- Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер. Очекувам решение во најкус можен рок, што ќе биде во интерес на Република Македонија, потенцира Богов.

Мандатот на Богов како гувернер на НБРМ завршува на 20 мај, а на 21 мај на новата седница на Собранието, според собраниски извори, ќе биде ставена точка на дневен ред за избор на нов гувернер.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе