Класикот „Bohemian Rhapsody“ стана песна со најстар музички спот со повеќе од милијарда прегледи на платформата YouTube.
Музичкото видео за еден од најголемите хитови на „Квин“ - „Bohemian Rhapsody“ – што беше објавено на YouTube каналот на бендот пред повеќе од една деценија, доби дигитален ремастер во чест на овој голем рекорд.
Оригиналниот спот беше од емисијата Top of the Pops од 1975 година.
Двајцата живи членови на бендот „Квин“, Роџер Тејлор и Брајан Меј, се здружија со Universal Music, YouTube и Google и отворија натпревар за надежни пејачи, танчари, визуелни уметници и музичари кои ќе се натпреваруваат да бидат дел од три нови музички спотови што ќе бидат објавени во текот на годината.
„Bohemian Rhapsody“ е прва песна објавена пред 90-тите што остварила ваква гледаност на YouTube.
„Gangnam Style“ на корејската ѕвезда Сај стана прва песна со милијарда прегледи на YouTube во 2012 година. Моментално рекордер е песната „Despasito“ на Луис Фонси со 6,3 милијарди прегледи.