Бока и Ривер без гостински навивачи во финалето на Копа Либертадорес

Финалето на престижниот јужноамерикански куп Копа Либертадорес ќе биде полето за битка помеѓу лутите аргентински ривали Бока Јуниорс и Ривер Плејт. Поради тоа што секој нивен натпревар е полн со жестока игра на теренот и немири на трибините, двата натпревари од финалето ќе се играат без гостински навивачи.

Оваа одлука ја донесоа претставниците на двата клуба само неколку дена откако аргентинскиот претседател Маурисио Макри изјави дека ќе дозволи присуство на гостински навивачи.

Пред само неколку дена Макри изјави дека финалето на Копа Либертадорес е шанса за Аргентина да покаже дека фудбалот може да се игра без нереди предизвикани од навивачите. Неговата изјава се коси со правилата на аргентинската фудбалска федерација, која во 2013 година им забрани на гостинските навивачи да присуствуваат на натпреварите од аргентинските натпреварувања, со цел да се намали насилството на стадионите.

Оваа година за првпат во историјата на финалињата на Копа Либертадорес ќе играат два аргентински клубови. Се работи за најелитното натпреварување во Јужна Америка, односно пандан на европската Лига на шампиони.

Првиот натпревар ќе се одигра на 10 ноември на стадионот на Бока Јуниорс наречен Бомбониера, додека возвратниот натпревар ќе се одигра на 24 ноември на стадионот Монументал Антонио Веспучи Либерти, каде домашните натпревари ги игра тимот на Ривер Плејт.

Последниот триумф на Бока Јуниорс во Копа Либертадорес се случи во 2007 година. Доколку победи, тоа ќе биде седма титула на Бока во ова натпреварување и со тоа ќе се изедначи со аргентинскиот ривал Индепендиенте. Ако Ривер Плејт го освои финалето, тоа ќе биде негова четврта титула во истото натпреварување.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе