Македонија

Боки 13 хоспитализиран во ГОБ „8-ми Септември“

27. ноември 2019 - 13:32 | МИА

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември“ поради контролни прегледи, информираа од болницата.

– Лицето Б.Ј. е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази. Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба, се вели во соопштението од ГОБ „8-ми Септември“.

Бојан Јовановски е донесен во болница од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор. Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор.

Судењето за „Рекет“ треба да почне на 3 декември годинава.

Коментирај