Владеењето на Пенивајз со киноблагајните ширум светот продолжува – филмот „It: Chapter Two“ го задржа првото место по заработка.
Продолжението на хорор приказната базирана на книгата на Стивен Кинг заработи уште 40,7 милиони долари и владее со бокс-офисот втора недела по ред со вкупна заработка од 323,3 милиони долари ширум светот.
Трилерот „Hustlers“ со Џенифер Лопез имаше одличен прв викенд, но сепак не доволно добар за да го собори „It“ од врвот. Филмот имаше заработка од 33,2 милиони долари, што е најдобро филмско деби на Џеј Ло досега.
„Hustlers“ пред кинопремиерата ја освои публиката на Филмскиот фестивал во Торонто и по викендов има 88% позитивни критики на RottenTomatoes.
Филмот „Angel Has Fallen“ на Lionsgate е на трето место според заработката со значителна разлика од првите два наслови, со заработка од 4,4 милиони долари.
Листата што ја составува Box Office Mojo изгледа вака: