Пандемијата има катастрофални влијание на сите полиња во животот, вклучително и кога станува збор за филмската индустрија. И додека кинескиот бокс-офис урива рекорди со заработката, американскиот се соочува со крајно негативни последици.

Анимираниот „The Croods: A New Age“, филм премиерно прикажан во ноември, повторно се најде на врвот на бокс-офисот во Северна Америка. Universal Pictures објави дека филмот заработил 1.7 милиони долари од прикажувањето во изминатиот викенд, доволно за да „The Little Things“ се најде на второто место со заработка од 1.2 милиони долари.
На третото место е „Judas and the Black Messiah“ со заработка од 905.000 долари.
По 13 недели во киносалите продолжението на „The Croods“ заработи 50 милиони и евентуално може да надмине „Tenet“ (58 милиони) како филм со највисока заработка на домашниот бокс-офис.
На интернационално ниво „The Croods: A New Age“ заработи над 100 милиони долари.
Кога станува збор за Кина, заработката на бокс-офисот урива рекорди. Земјата веќе има неколку успешни блокбастери во 2021 година како „Detective Chinatown 3“, „Hi, Mom“ и „A Writer’s Odyssey“. Овие наслови досега заработија рекордни 1,2 милијарди во текот на празничната кинеска Нова година.
„Резултатите од бокс-офисот во Кина се многу охрабрувачки“, вели Пол Дерегарабедијан, аналитичар од Comscore. „Тоа покажува дека ефективниот одговор на пандемијата, во комбинација со постојан прилив на домашен производ, може на крајот да направи чуда“, смета тој.