Алек Болдвин можеби го испукал куршумот што ја уби снимателката на „Rust“ Халина Хачинс, но тој не го повлекол чкрапалото на пиштолот, изјави окружниот обвинител од Ново Мексико.

Окружниот обвинител во Санта Фе, Мери Кармак-Алтвиз, изјави за Vanity Fair дека гледала интервју со Алек Болдвин (63) за ABC во декември и рече дека чувствува дека актерот не го повлекол чкрапалото што го уби Хачинс.
„Можете да го повлечете чеканчето за ударната игла наназад без да го повлечете чкрапалото, без всушност да го заклучите. Така ќе го повлечете всушност до пола, не се заклучува, а потоа ако го ослободите, ударната игла може да го погоди почетниот дел од куршумот“, објасни таа.
Болдвин во интервјуто инсистираше дека никогаш не го повлекол чкрапалото.
Кармак-Алтвиз ја започна својата неофицијална истрага за да ги истражи тврдењата на Болдвин и да докаже дека тој го повлекол само чеканчето на пиштолот пред да се испука куршумот што ја уби Хачинс и го рани филмскиот режисер Џоел Соуза (48).
„Немав многу познавања за пиштоли, а уште помалку за револвери од 1850-тите“, рече Кармак-Алтвиз.
Кармак-Алтвиз побарала од еден од нејзините истражувачи да го донесе својот старински револвер во нејзината канцеларија за да провери дали механички дефект може да предизвика пукање од пиштолот. По пробната стрелба, двајца истражители го прегледале пиштолот за да потврдат дека не е наполнет. Нејзиниот тест откри дека чеканчето можело да предизвика куршумот да биде испукан, но сѐ уште се чекаат официјалните резултати од анализата на оружјето на ФБИ.
Иако Болдвин рекол дека не го повлекол чкрапалото, во тужбата поднесена од надзорникот на сценариото на филмот, тој изјавил дека Болдвин „намерно“ пукал со пиштолот во Хачинс.
Минатата недела адвокатите на семејството Хачинс поднесоа тужба за убиство од небрежност против актерот.