Обвинителите во Ново Мексико наведоа дека актерот Алек Болдвин не ги следел внимателно вежбите за ракување со револвер за време на снимањето на филмот „Rust“ бидејќи зборувал на телефон.

Воедно, не ги извршил неопходните сигурносни мерки заедно со Хана Гутиерес-Рид, чија должност била да се грижи за револверите и куршумите. Утврдено е и дека на овој филм била ангажирана благодарение токму на Болдвин, иако претходно работела само на едно снимање.
„Отстапувањето од правилата на Болдвин ја предизвикало смртта на Халина Хачинс“, наведоа обвинителите.
Во вторникот обвиненија беа формално покренати против Болдвин и продуцентот на филмот.
„На денот на пукањето, доказите покажуваат дека не помалку од десетина дејствија или пропусти на непромисленост се случиле кратко време пред ручекот и времето на пукањето, а тука не е вклучено несовесното ракување со огненото оружје од Болдвин“, стои во обвинението.
Како што е веќе познато, Алек Болдвин и Хана Гутиерес-Рид се обвинети за обиство од небрежност.
Славниот актер ја негираше вината, велејќи дека не го повлекол чкрапалото и дека работата на Гутиерес-Рид и останатите експерти за оружје била да водат сметка оружјата да се празни.
Помошникот директор на сетот, Дејвид Халс, се согласи да признае вина по обвинението за неговото ракување со наполнетиот револвер. Тој бил човекот што му го дал револверот на Болдвин.
Семејството на убиената Халина Хачинс изрази задоволство од подигнатите обвиненија.
Филмот „Rust“ сепак ќе продолжи да се снима, а Метју Хачинс, вдовецот на Халина, ќе биде извршен продуцент и ќе добие дел од заработката. Информациите, засега, велат дека Болдвин ќе ја задржи својата улога.